Курс за почетници во хеклање (возрасни)
Дали сакате да научите да хеклате и да си исплетете облека, модни додатоци или играчки?
Овој курс е вистинското нешто за да ја совладате оваа прекрасна и исполнувачка вештина.
Курсот е предвиден да трае 1 месец (2 пати седмично по 2 часа). Предвидени се вкупно 8 сесии, распоредени во 4 модули, а секој од нив опфаќа посебен сегмент од хеклањето.
Што ќе научите?
* Ќе научите за различни видови/ категории на предиво и алатки за работа;
* Ќе ги научите основните котелци и нивни комбинации за да се добие разиграна текстура;
* Ќе научите да работите во ред и во круг; да менувате боја на конец во проектот;
* Ќе научите да читате шеми / симболи и истите да ги преточите во изработка;
* Ќе ги совладате текстурните бодови и конструкција на изработени парчиња (облека, декор, моден додаток).
Секој модул има своја проектна задача, со што на крајот од курсот ќе имате повеќе од 8 изработки.
По завршувањто на обуката предвидена е сесија плус за консултации, дружење, разменување на идеи.
Во цената на курсот е вклучено следново:
- Предиво (волница и конци) за сите модули;
- Чингелаќе 3, 4 и 5 мм;
- Обележувачи за котелци;
- Таписериска игла за шиење;
- Монисти;
- Приврзоци.
Курсот започнува на 02.02.2026 и трае до 27.02.2026
Часовите ќе се одржуваат во понеделник / среда и вторник/четврток, од 18:00 до 20:00 часот, во Дневна.
За подетални информации и дополнителни прашања обратете се на 070 397 266 или преку електронска пошта на tltstore@mail.com