Со денешното темпо на живот и работа, еден просечен човек минува долго време седејќи на една иста столица, која ако не е добра може да доведе до сериозни здравствени проблеми.
Што е ергономска столица?
Ергономската столица е тип на столица која е дизајнирана да се прилагодува на потребите на корисникот во смисол на прилагодување на висината и длабочината на седиштето со што се добива одлична лумбарна потпора.
Постојат 6 причини зошто треба да изберете ергономска столица за работа или учење.
1. Одржување на правилна позиција на телото
Ако нешто треба да ве загрижи по долги часови седење, тоа е вашето држење на телото. Кога се користат традиционални (не-ергономски) столици, телото се навалува нанапред затоа што таквите столици обично немаат добра висина за грбот. Тоа доведува до болки во грбот (‘рбетот), рамената и колковите.
2. Се намалува притисокот на колковите
Колковите го трпат шокот затоа што на нив се држи целата тежина на телото, а седиштето со правилна длабочина го елиминираат овој шок.
Ергономските столици промовираат позиција на седење при која телото има добро држење на овие точки на болка што доведува до потполно губење на болките и затегнатост на мускулите.
3. Се зголемува циркулацијата на крв
Истражувањата покажале дека само еден час седење на неудобен стол го зголемува ризикот од депресија, болести на срцето, лоша циркулација на крв и болки во грбот. Со ергономската столица се добива долгорочна корист за здравјето и драстично се намалуваат шансите за одредени болести и состојби.
4. Се зголемува продуктивноста и ефикасноста на работа / учење
Ергономската столица значително влијае на квалитетниот живот, работа и учење. Со елиминирањето на физичкиот стрес кој го предизвикува обичната столица, човекот е посреќен, порелаксиран и порасположен што доведува до продуктивна и ефективна работа / учење.
5. Прилагодливост и безбедност
Ергономската столица се прилагодува на најзначајните точки (потпора за грбот, потпора за вратот, потпирачите за раце, прилагодување на висината на седиштето) така што е погодна за различни типови на луѓе во смисол на висина и тежина.
Ваквите столици се лабораториски испитани и докажано ја гарантираат оптималната безбедност по здравејто на корисниците.
6. Долготрајност
Ергономските столици се дизајнирани и направени да нудат долги години на квалитетно користење така да претставуваат одлична инвестиција за вашето физичко и ментално здравје.
Од нашата палета на производи ви ги нудиме следниве ергономски столици:
Производите во моментов се со 20% попуст.
Повелете резервирајте ја вашата столица на 070 397 266.