Курс за хеклање (деца)
Овој курс е предвиден за деца од 9 до 14 години.
Зошто хеклањето е добро за децата? Ја унапредува фината моторика, фокусот, координацијата очи-раце, повторливи движења.
Со хеклањето се поттикнува креативноста, самодовербата од завршените проекти. Хеклањето е мирна, терапевтска, благопријатна активност која гради дисциплина и ги унапредува способностите за решавање на проблеми и изнаоѓање на решенија.
Курсот е предвиден да трае 3 недели (2 пати седмично по 2 часа). Предвидени се вкупно 6 сесии, распоредени во 2 модула, а секој од нив опфаќа посебен сегмент од хеклањето.
Што ќе научи вашето дете?
* Ќе научи за различни видови/ категории на предиво и алатки за работа;
* Ќе ги научи основните котелци и нивни комбинации за да се добие разиграна текстура;
* Ќе научи да работи во ред и во круг; да менува боја на конец во проектот;
Секој модул има своја проектна задача, со што на крајот од курсот ќе има повеќе од 6 изработки.
Во цената на курсот е вклучено следново:
- Предиво (волница и конци) за сите модули;
- Чингелаќе 4 и 5 мм;
- Обележувачи за котелци;
- Таписериска игла за шиење;
- Монисти;
- Приврзоци.
Курсот започнува на 12.01.2026 и трае до 30.01.2026
Часовите ќе се одржуваат во понеделник / среда и вторник/четврток, од 18:00 до 20:00 часот, во Дневна.
За подетални информации и дополнителни прашања обратете се на 070 397 266 или преку електронска пошта на tltstore@mail.com