You have no items in your shopping cart.

Курс за хеклање (деца)

Овој курс е предвиден за деца од 9 до 14 години. Зошто хеклањето е добро за децата? Ја унапредува фината моторика, фокусот, координацијата очи-раце, повторливи движења.
SKU: 00934
2500 ден

Со хеклањето се поттикнува креативноста, самодовербата од завршените проекти. Хеклањето е мирна, терапевтска, благопријатна активност која гради дисциплина и ги унапредува способностите за решавање на проблеми и изнаоѓање на решенија.

Курсот е предвиден да трае 3 недели (2 пати седмично по 2 часа). Предвидени се вкупно 6 сесии, распоредени во 2 модула, а секој од нив опфаќа посебен сегмент од хеклањето. 
Што ќе научи вашето дете? 
* Ќе научи за различни видови/ категории на предиво и алатки за работа;
* Ќе ги научи основните котелци и нивни комбинации за да се добие разиграна текстура;
* Ќе научи да работи во ред и круг; да менува боја на конец во проектот;

Секој модул има своја проектна задача, со што на крајот од курсот ќе има повеќе од 6 изработки.

Во цената на курсот е вклучено следново:
- Предиво (волница и конци) за сите модули;
- Чингелаќе  4 и 5 мм;
- Обележувачи за котелци;
- Таписериска игла за шиење;

 -Очиња за играчки и полнење;
- Монисти;
- Приврзоци.


За подетални информации и дополнителни прашања обратете се на 070 397 266 или преку електронска пошта на tltstore@mail.com

ve